50 годишнина од раѓањето на модерната култура

Оваа недела пред 50 години беше пресвртниот момент за Битлси, тие во тој период го направија првиот нивен сингл „Love Me Do“ кој во Британија се продаде во рекорден број примероци  и ја разбрани масата будејќи ги главните проблеми: Студената војна, цивилните права и сексуалната слобода.

На 5 октомври новиот сингл ги исполни радиостаниците брзо, директно и секси „Love, love me do“ – пееше Џон Ленон и „You know I love you“ – пееше Макартни. Со пристигнувањето на Битлси на музичката сцена, новата генерација имаше нов саундтрак во нивните животи. Од тогаш, ништо повеќе нема да биде исто.

Кога всушност започнаа славните шеесети? Во почетокот на шеесетите се случи револуционерн промена во свеста на луѓето, а оние безнадежни колони на алманахот во октомври 1962 година претставуваат доказ дека шеесетите почнаа токму од овој период. Први октомври беше денот кога првиот студент црнец беше запишан во универзитетот во Мисисипи каде што предходно беа сите белци. Активистите за човекови права излегоа на улиците и ова беше месецот кога умре сивилото од педесетите и започна колоритноста на новата култура.

Ние оваа недела би требало да прославиме 50 годишнина од пресвртниот момент во историјата на културата и раѓањето на новата зора на една нова декада. Потоа во јануари Битлси снимија песна со наслов „My Bonnie“ која беше издадена од студиото Полидор. Во февруари САД го испрати првиот астронаут низ орбитата на земјата кој после три обиколувања падна во атланскиот океан. Тогаш почна трката за оснојување на месечината.

Во април истата година Боб Дилан за прв пат во клуб во Њујорк  ја изведе песната „Blowin’ in the Wind“ од новиот албум кој неодамна го издаде. Есента 1962 година кога Битлси ја издадоа песната „Love Me Do“, на 5 октомври се прикажа и првиот Џејмс Бонд филм.

Гледајќи наназад, 1962 година беше година на фасцинантни случувања со кои почнаа славните шеесети, но исто така беше и временска капсула. Еве ги проблемите: цивилни права, никлеарно разоружвање, радикален феминизам, дистописка имагинација, секуларизација – со која сè уште се бориме. Но тогаш светот беше млад, Ленон полнеше 22 години, Макартни 20, а ”love me do“ со три збра, два основни акорди и усна хармоника, ги смени срцата и умовите на цела генерација.

Leave a comment